Скопска Ситуација на помалку од 48 часа пред 2007
Страшно беше, поготово ако поминувате преку бит пазар ќе се почуствувате дека се наоѓате во Таџикистан… Волови, кози, овци, јагниња, јунци и што уште не, слободно се шетаа по улицата… имаше петарди кои се продаваа и пукаа по улиците, почувствував дека ќе се залета некој Бик и ќе ме забоде со роговите. На едната страна се колеа животните
Во автобус се качи еден брачен пар кои не платија карта, се качи контрола и почна да ги ремети луѓево кои кажаа фино лепо дека немаат пари… И тука јас настапив со финтата на еден блогер за кој кажуваше мојата пријателка Археолог кој не платил билет заради тоа што не му издале фискална сметка, и бил во право 100 проценти. Се свртев кон кокошката која го реметеше човекот и ја фатив за рака и ја тргнав и и објаснив дека немаат право да го реметат човекот затоа што има право да не плати затоа што не се издаваат фискални сметки, го извадив исечокот од весникот и и го прочитав. Таа се тргна и ми се закани дека со мене специјално ќе се разберела… Случајно таа госпоѓа живее близу кај што живеам јас.
Вака ли сакаме да ги постигнеме европските стандарди, вака ли ќе градиме економија кога свесно едно јавно претпријатие кое е под ингеренции на градот не пријавува и не плаќа данок на државата?
Ај да се надеваме дека после сите празници ова ќе се среди.
Толку.






